6.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Меси се согласил да игра во Саудиска Арабија, но бил одбиен!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и актуелен играч на Интер Мајами и naаргентинската репрезентација, Лионел Меси, сакал краткорочен трансфер во клуб од Саудиска Арабија пред Светското првенство во 2026 година, но бил одбиен од властите на кралството, објави „РМЦ Спорт“.

Шефот на Академијата за развој на таленти „Махд“, Абдула Хамад, за поткаст изјави дека 38-годишниот осумкратен освојувач на Златната топка сакал да игра во лигата на Саудиска Арабија четири месеци за да биде во форма за Мундијалот. Предлогот не бил прифатен од Министерството за спорт на Саудиска Арабија.

„Тимот на Меси ме контактираше за време на Светското клупско првенство минатото лето. Тој сакаше да игра во Саудиска Арабија за време на четиримесечната пауза од американската лига за да се подготви за СП. Тоа се случи и со Бекам кога играше за ЛА галакси и замина во Милан. Му го презентирав предлогот на министерот, но тој одби да го пушти Меси да дојде само четири месеци и прашањето беше затворено. Тој рече дека саудиската лига нема да биде тренинг-камп“, рече Хамад.

Саудиска Арабија се подготвува за СП 2034 кое ќе се игра во таа земја, а трансферот на Кристијано Роналдо во Ал-Наср беше историски и го отвори патот за многу ѕвезди да заиграат таму.

 

- Оглас -

Најнови вести