Меси се враќа во Барселона: „Личните несогласувања остануваат на страна“

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрцио Романо, тврди дека Лионел Меси ќе се врати во Барселона, но не за да игра фудбал, туку за да биде дел од прославата по повод 125 години од формирањето на клубот.

Аргентинецот е најдобриот фудбалер во историјата на „каталонците“, а според многумина и во светот, но си замина од Барселона после несогласувањата со Жоан Лапорта.

Лионел Меси ги има во своја сопственост сите можни рекорди во Барселона. 778 официјални натпревари, 672 гола, 303 асистенции и 35 освоени трофеи со „каталонците“, а ако на ова се додадат и натпреварите за репрезентацијата, тогаш тоа го прави и најтрофеен фудбалер во светот.

Прославата по повод 125 години од формирањето на фудбалскиот клуб Барселона ќе се оджи на 29-ти ноември оваа година.

- Оглас -

Најнови вести