Меси се врати дома и делумно ги разочара Аргентинците

Слетувањето на Лионел Меси во родниот град Росарио, дел од вработените на аеродромот го искористија за да се фотографираат со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, а други се интересираа дали најдобриот аргентински играч планира повторно да заигра во дресот на националниот тим.

По завршувањето на натпреварот на Барселона со Селта, Меси со сопругата Антонела и трите деца заминаа во Аргентина, таму со семејството ќе ги минат Божиќ и дочекот на Нова година, а на втори јануари Лео треба да се врати во Каталонија, бидејќи на шести јануари Барса има меч од шпанското првенство против Хетафе.

Најдобриот стрелец во Европа за 2018 година засега не планира да се врати во репрезентацијата, но селекторот Лионел Скалони ќе се обиде да го убеди да игра на Копа Америка, континенталниот шампионат кој од 14-ти јуни до 7-ми јули 2019 година ќе се игра во Бразил.

- Оглас -

Најнови вести