По две одиграни средби во дресот на Аргентина, Лионел Меси вчера повторно се врати во Барселона. Капитенот на каталонскиот гигант на аеродромот беше пречекан од многу фанови кои сакаа автограм и фотографија со Меси. Но, имаше и новинари кои успеаја да го налутат Аргентинецот.
Неодамна вујкото на Антоан Гриезман го критикуваше Меси, а на новинарите токму тоа им беше и прашањето за Лео по враќањето во Барселона. Тогаш Аргентинецот збесна.
„Доста ми е од сѐ. Се враќам од долг пат, а вие со вакво прашање ме дочекувате. Секогаш јас сум главниот виновник за сите проблеми што се случуваат во клубот“, нервозно одговори Меси додека се обидуваше да ги задоволи и сите негови фанови кои пристигнаа да го поздрават.
https://twitter.com/i/status/1329151001568407556