33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Меси се врати во Барселона, навивачите во транс кога дознаа со кого се сретна (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен добија краток одмор, па Лионел Меси тоа го искористи да се врати во Барселона. Меси заедно со семејството замина во Барселона, градот кој две децении беше негов дом.

Со самото доаѓање во Барселона, Меси предизвика еуфорија, а шпанските медиуми го следеа секој негов чекор. Ова е првпат Лионел да се врати во Барселона откако пред почетокот на сезоната реши да потпише за Пари Сен Жермен.

Меси синоќа бил забележан како влегува во ресторан, каде што го чекале тренерот на Барселона, Чави Ернандес, и капитените Серхио Бустекс и Жорди Алба. Токму овие тројца беа покрај Меси на теренот во најголем дел од кариерата во Барселона.

https://twitter.com/i/status/1485761963883999232

Дел од навивачите на Барселона веднаш дознаа дека Меси е во градот, го најдоа и успеаја да добијат и автограм од Аргентинецот. По оваа средба на Меси со главните лица во Барселона, веднаш започнаа да се плетат шпекулации околу негово можно повторно враќање на „Камп ноу“.

https://twitter.com/i/status/1485766907458375681

 

- Оглас -

Најнови вести