Меси сезонава даде пет гола и сите пет се од иста одалеченост од голот

Лионел Меси се запиша во листата на стрелци во победата над Динамо Киев а повторно тоа беше со удар од пенал. капитенот на Барселона сезонава вкупно има постигнато пет погодоци и сите се со шут од белата точка. Аргентинецот едноставно се специјализираше за голови од 11 метри, а тој против Динамо Киев има посебно значење.

Погодокот против Динамо беше постигнат само по 4 минути и 53 секунди од почетокот на дуелот. Тоа е рекордно време на еден пенал постигнат од Меси, а воедно е и најбрзиот пенал што Барселона во клупската историја го има реализирано од белата точка.

 

- Оглас -

Најнови вести