Меси шоу со два гола: Аргентинецот ја издрибла целата одбрана и погоди (Видео)

Интер Мајами со 4:1 славеше над Монтреал во првиот меч од домашното првенство по враќањето на тимот од Светското клупско првенство. Иако на гостински терен, Интер делуваше доминантно на теренот и тоа благодарение на Лионел Меси, кој постигна два гола, а имаше и една асистенција.

Посебно шоу Аргентинецот направи во 62 минута кога направи продор низ целата одбрана на гостите, и малку фалеше буквално да влезе влезе со топката директно во голот.

Претходно Меси постигна гол пред крајот на првото полувреме. Тој погодок беше многу важен затоа што Интер поведе со 2:1 и тимот од Мајами доби дополнителна самодоверба, па во второто полувреме Меси и другарите само ја потврдија победата.

Со овие два погодоци Меси стигна до бројката од 868 голови во кариерата, а има и 385 асистенции во вкупно 1.110 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести