Меси шутираше историски пенал и погоди, но неговиот тим загуби (Видео)

Лионел Меси по 17 години блескава кариера и одиграни 796 натпревари во клупскиот фудбал, синоќа за првпат учествуваше во меч кој победникот го доби по изведување на пенали.

Пенал-рулетот мораше да одлучи за патникот во четвртфиналето во Купот на Франција меѓу Пари Сен Жермен и Ница откако по регуларните 90 минути беше 0:0.

Меси прв ја презеде одговорноста да шутира за ПСЖ и погоди, но не толку успешни беа неговите соиграчи Леандро Паредес и Чави Симонс, чии удари ги сопре голманот на Ница, па гостите на крајот се радуваа на победа од 6:5.

Меси во својата кариера вкупно шестпати учествувал во пенал-рулет, и тоа секогаш било на репрезентативно ниво со Аргентина. Петпати погодувал во пенал-сериите, а еднаш има промашено, и тоа беше во финалето на Копа Америка во 2016 година, кога Гаучосите беа поразени од Чиле и не го освоија континенталниот трон.

Синоќа првпат Меси шутираше во пенал-серија на клупско ниво, па иако тој успеа да погоди, неговиот ПСЖ беше елиминиран.

- Оглас -

Најнови вести