Лионел Меси тешко дека може да го видите како се вози во автобус од градски превоз, но денеска и тоа се случи. Меси со приватен авион отпатува од Барселона до родниот град Росарио во Аргентина, па при напуштањето на пистата на аеродромот, додека да влезе во џипот кој го чекаше, мораше да ги почитува правилата и да се вози во автобусот кој беше празен.
Вработени на аеродромот не ја испуштија шансата да се фотографираат со фудбалската мега ѕвезда која за божиќните празници и за дочекот на нова година ќе си биде дома со семејството (жена му и децата веќе неколку дена се во Росарио) и ќе ужива во топлото време без тренинзи и натпревари.
Со истиот авион со кој Меси замина во Аргентина, бил и Луис Суарес, кој е во родниот Уругвај. Меси и Суарес треба да се вратат во Барселона на 2 јануари. Дозвола тогаш да се приклучат добија и Нето и Артуро Видал, додека останатите играчи на Барса, ќе мора да се појават на тренинг на 29 декември.