Меси: Син ми плачеше по поразот од Саудиска Арабија

Капитенот и најдобар фудбалер на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, откри дека неговиот син Матео плачел по поразот од Саудиска Арабија и тие солзи му биле мотивација за победа над Мексико во второто коло.

Матео има 7 години и е средниот од трите сина на Меси. Тијаго има 10, а Чиро 4 години.

„По мечот со Саудиска Арабија, Матео го напушти стадионот со солзи во очите. Тијаго му објаснуваше дека ако ги добиеме другите два меча во групата, ќе одиме во осминафинале“, раскажа Меси, кој имаше гол и асистенција против Мексико, а на ред е дуел со Полска, кој Аргентинците не смеат да го загубат.

 

- Оглас -

Најнови вести