Барселона дојде до 26-тата титула во Шпанија благодарение на капитенот Лео Меси и неговиот погодок против Леванте за конечни 1-0. Каталонците го одбранија тронот, а Аргентинецот додаде уште еден гол на своето конто со кој ја зголеми разликата во трката за Златната копачка, не само во Шпанија, туку во цела Европа.
За Меси ова беше 34-ти гол сезонава само во шпанското првенство, односно го запиша вкупно 46-от погодок во сите натпреварувања. Воедно, Аргентинецот дојде и до 598 клупски погодоци во својата кариера, но сепак заостанува зад неговиот најголем ривал, Кристијано Роналдо.
Ѕвездата на Јувентус го постигна израмнувачкиот гол против Интер за конечни 1-1, и на тој начин прв стигна до бројката од 600 гола во кариерата, носејќи ги дресовите на Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, и нормално, Јувентус.
Роналдо исто така го запиша и 20-от погодок сезонава во Серија А, додека во сите натпреварувања бори вкупно 27 гола.