Меси со досега невидена прослава по постигнување на гол (Видео+фото)

Интер Мајами на домашен терен одигра само 1:1 против Шарлот во меч на кој гостите водеа со 1:0. Интер од пораз се спаси благодарение на голот на Лионел Меси, постигнат со шут од далечина.

За Меси ова беше 96-ти погодок во кариерата постигнат со удар надвор од шеснаесетникот, а интересна беше неговата прослава. За прв пат Меси славеше како да е ракета која се подготвува да полета.

За Меси ов беше 17 погодок во 19 меч сезонава во дресот на Интер Мајами, а феноменалниот Аргентинец има и 12 асистенции.

Прославата на голот против Шарлот

 

- Оглас -

Најнови вести