Меси со еден потег ги налути навивачите и управата на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ изминатиот викенд доживеаја пораз од 3:1 од Лориен во рамките на 33-то коло од Лига 1, и тоа пред своите навивачи, а ѕвездата на екипата, Лионел Меси, направи неочекуван потег кој не им се допадна на фановите и на управата на ПСЖ. Имено, Меси веднаш по натпреварот отпатувал за Ријад, Саудиска Арабија.

Управата на ПСЖ сметаше дека фудбалерите рутински ќе го совладаат Лориен и пред натпреварот одлучила да им даде два дена одмор на играчите. Но, бидејќи загубија и сега имаат само пет бода предност на лидерската позиција на табелата пред Олимпик Марсеј, тренерот Кристоф Галтие, закажал тренинг за понеделникот.

Тренингот го пропуштил Меси, кој бил во Саудиска Арабија за да ја промовира земјата во трката за организација на СП 2030.

Според „Л’Екип“, одлуката на Меси да замине во Ријад, освен на управата и навивачите, не им се допаднала ниту на дел од сограчите кои се пожалиле на специјалниот третман што го има Аргентинецот.

- Оглас -

Најнови вести