Аргентинската фудбалска репрезентација ги започна подготовките пред стартот на Светското првенство во Катар, а на првиот тренинг, секако, во центарот на вниманието беше Лионел Меси.
Капитенот на Аргентина ја има последната шанса за да стигне до светската титула. На последниот меч за ПСЖ против Оксер, Меси беше повлечен од игра на 15 минути пред крајот и многумина се уплашија дека тој може има некој физички проблем.
На првиот тренинг во Абу Даби, Меси во еден момент со еден потег сакаше да ги насмее соиграчите, но повеќе навивачи не ја прифатија таа шега. Во еден момент Меси се фати за мускулот на ногата, симулирајќи дека се повредил, а потоа гласно се насмеа.
https://twitter.com/i/status/1592170247314100224
Сепак, дел од навивачите на социјалните мрежи беа лути поради овој потег на Меси. „Речиси доживеав срцев удар. Тоа не е во ред, не смее да се шегува со такви работи“, е еден од многуте коментари на социјалните мрежи.