Серхио Кун Агуеро денеска соопшти дека ќе ја заврши својата кариера.
Сега веќе легендарниот аргентински напаѓач, поради срцеви проблеми мораше да каже крај порано од предвиденото, а неговиот најголем пријател, Лео Меси, испрати емотивна порака на социјалните мрежи.
„Истеравме цела кариера заедно.
Имавме убави и не толку убави мигови коишто не направија повеќе од пријатели и не поврзаа на неверојатен начин.
И кога ќе заврши сето ова, ние ќе продолжиме таму каде што застанавме.
Ја освоивме Копа Америка пред некој месец, а ти во Англија покажа зошто си еден од најдобрите.
Знам дека играњето фудбал те прави среќен, но, јас се надевам дека ќе останеш во овој спорт на некој друг начин“, напиша, меѓу другото, Меси.
View this post on Instagram