Интер Мајами се спаси од пораз на домашен терен во дуелот против Сент Луис сити и на крајот одигра 3:3. Гостите три пати водеа, но Интер Мајами се враќаше и израмнуваше, па на крајот двата тима освоија по еден бод.
Некогашните ѕвезди на Барселона, Лионел Меси, Луис Суарес и Жори Алба беа главни на теренот. Лионел Меси постигна фантастичен гол во 25 минута кога израмни на 1:1 и тоа по асистенција на Алба.
До крајот на првото полувреме погоди и Суарес и тоа беше гол за ирамнување на 2:2 по асистенција на Алба. На крајот и Алба погоди и тоа во 85 минута овојпат за 3:3.
По овој натпревар Меси постави нов рекорд. Во само 12 одиграни мечеви Лео има 13 голови и 12 асистенции и е фудбалерот кој најбрзо во една сезона стигнал до бројката од 25 погодоци во кои директно бил инволвиран. Претходниот рекорд беше на Карлос Вела на кој во 2019 година му беа потребни 16 средби да стигне до бројката од 25 погодоци во кои директно бил инволвиран.
Messi is one of one. 🐐 pic.twitter.com/Uyy0M26tkW
— Major League Soccer (@MLS) June 2, 2024