Капиенот Лионел Меси се врати во репрезентацијата на Аргентина и ќе игра на пријателскиот натпревар против Порторико, кој се игра вечерва. Ова го потврди селекторот на Гаучосите, Лионел Скалони.
Меси го пропушти последниот меч за националниот тим, кога Аргентина со 1:0 славеше над Венецуела. Сепак, сега ѕвездата реши повторно да го облече дресот на Аргентина, а интересно е дека мечот против Венецуела ќе се игра на стадионот на којшто е домаќин Интер Мајами.
Тоа практично значи дека Меси ќе игра како на домашен терен, само наместо во дресот на Интер Мајами, овојпат ќе го носи репрезентативниот дрес на Аргентина.