Меси со лоб во негов стил, Барса рутински со Жирона (видео)

Барселона ја продолжи победничката низа на седум меча во Ла Лиа со рутинскиот триумф од 2-0 на гостувањето кај Жирона. „Каталонците“ на тој начин одново се вратија на +5 бода предност во однос на Атлетико Мадрид, додека Лео Меси одново брилјираше постигнувајќи го 19-от гол во првенството на својот 19-ти настап.

Гостите уште во воведните 10 минути ја затресоа мрежата на Жирона, стрелец на голот беше Нелсон Семедо, а за конечен резултат прецизен беше Аргентинецот во 68-та минута, откако во негов претпознатлив стил го лобуваше голманот Боно.

Со овој 15-ти триумф во Ла Лига, Барселона цврсто стои на лидерската позиција со 49 бода, додека Жирона веќе осум меча во низа не може да оствари позотивен резултат, па со 24 бода се на 13-тото место на табелата.

 

https://streamable.com/082ia

- Оглас -

Најнови вести