Меси со лонгета на ногата доби признание, Интер Мајами продолжува да победува и без него (Видео)

Интер Мајами и без Лионел Меси во составот продолжуваат со победите во МЛС лигата. „Виолетовите“ од Мајами остануваат убедливо први во Источната конференција, откако го победија Чикаго со 2-1, со головите на Рохас и Алба.

Сепак, гледачите на стадионот во Мајами имаа можност да го видат и Лионел Меси, кој пред почетокот на мечот се појави на тревникот за да добие признание од еден од сопствениците на Интер Мајами за освоениот 45-ти трофеј во кариерата, оној од Копа Америка кој го освои со селекцијата на Аргентина.

Меси на тревникот се појави со лонгета на ногата, што доволно зборува за сериозноста на повредата која ја доби на финалето против Колумбија.

- Оглас -

Најнови вести