Меси со неверојатен пост: Три месеци не дал гол од игра!

Лионел Меси уште е предводник на Барселона на теренот, но сепак нешто не е како што очекуваат сите фанови на каталонскиот гигант. Аргентинецот синоќа даде гол против Динамо Киев и се запиша во листата на историски клупски постигнувања.

Сепак, нешто што е чудно кога се работи за Меси, е тоа што Аргентинецот никако не успева сезонава да даде гол од игра. Погодокот против Динамо Киев беше од пенал, односно на ист начин како што погодоуваше последните пет ситуации.

Во новата сезона Меси одигра 11 натпревари, а не погоди ниеднаш од игра. Во листата на стрелците се запишуваше во дуелите против Јувентус (победа 2:0 во ЛШ), против Ференцварош (5:1 во ЛШ) и против Вилјареал во првото коло, во радоста од 4:0. Меси еден гол даде и во репрезентативниот дрес на Аргентина, и тоа на мечот против Еквадор во минималниот триумф од 1:0.

Ако се пресметаат одиграните мечеви и постот, ќе се забележи дека Меси нема постигнато погодок неверојатни 1.150 минути. Последен пат Меси се запишал меѓу стрелците, а тоа да не биде од пенал против Наполи, во осминафиналето од Лигата на шампионите, одигран на 8 август, односно безмалку пред три месеци.

Следниот меч Барселона го игра дома против Бетис во домашното првенство, што ќе биде нова шанса за Меси да погоди, а тоа да не биде од белата точка.

 

- Оглас -

Најнови вести