Лионел Меси успешно комплетира уште една година во врвниот фудбал. Аргентинскиот виртуоз со националниот тим победи против Перу и го трасира патот кон уште едно големо натпреварување, а тоа е Светското првенство во 2026 година.
За Меси ова беше последна фудбалска обврска во 2024 година затоа што Аргентина нема да игра ниту еден меч до крајот на декември, а на клупски план неговиот Интер Мајами е елиминиран од плејофот во МЛС-шампионатот, што значи дека му следува пауза, и тоа од два и пол месеци.
Утрово Меси асистираше за погодокот на Лаутаро Мартинес, што беше негова 58-ма асистенција во националниот дрес и се израмни со Американецот Лендон Донован, кој го држеше светскиот рекорд по број на асистенции на репрезентативно ниво. Ако се знае дека Донован веќе подолго време е пензиониран, а Меси ќе има уште настапи за Аргентина, јасно е дека за многу кратко време и овој рекорд ќе биде само во рацете на Аргентинецот.
Во 2024 година, Меси одигра вкупно 36 натпревари, во кои постигна 29 гола, а имаше и 18 асистенции. Се радуваше на две титиули, една со Аргентина, и тоа на Копа Америка, а втората во дресот на Интер Мајами, кој убедливо беше најдобар тим во регуларниот дел од сезоната и постави рекорд по бројот на освоени бодови.
Leo Messi in 2024
👕 36 GAMES.
⚽ 29 GOALS.
🅰️ 18 ASSISTS.
🏆 2 TITLES.— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) November 20, 2024