Меси со нови копачки против Ливерпул, а Ван Дајк со опасна тактиката ќе го сопира Аргентинецот

Лионел Меси со нови копачки ќе го нападне Ливерпул утревечер на „Камп ноу“ во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Барселона очекува да стекне добар резултат пред реваншот во Ливерпул, а на сите им е јасно дека играта на каталонскиот гигант во многу нешта зависи токму од Меси.

Аргентинецот ги покажа новите копачки кои не треба да го изневерат, иако Меси со Барселона има лошо сеќавање од двомечот со Ливерпул во сезоната 2006/07. 

Додека Меси се фокусира на новите копачки, во Ливерпул прават план како да го сопрат неговиот налет. Еден од најдобрите дефанзивци во светот Вирџил ван Дајк ќе има задача да го неутрализира нападот на домаќините. Ван Дајк вели дека ова е посебен предизвик за него бидејќи Меси го смета за најдобар фудбалер во светот. Сепак, дефанзивецот на Ливерпул вели дека нема да се исплаши и дека имаат разработено план.

„За мене, Меси е најдобриот фудбалер во светот. Нема да одиме на тоа да го чува само еден играч во текот на мечот. Сите заедно ќе се обидеме да се одбраниме, како што правиме и на секој друг меч. Сигурно ќе бидеме подготвени. Не смееме да се фокусираме само на Меси. Барселона е одличен тим, со одлични фудбалери и ќе мора да внимаваме на сите. Но, не се плашиме. И ние сме добар тим и сигурно тоа ќе го покажеме на теренот“, рече Ван Дајк.

 

 

- Оглас -

Најнови вести