22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Меси со победа влезе во историјата на шпанското првенство

Барселона стигна до осмата победа во 16 меч сезонава во Примера дивисион, откако минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Уеска. Френки де Јонг го даде погодокот кој беше доволен за трите бода да заминат во Барселона. Холандскиот репрезентативец одлично ја искористи асистенцијата на Лионел Меси во 27 минута и донесе водство на Барселона од 1:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Овој меч беше историски за Меси, затоа што стана првиот фудбалер кој не е Шпанец, а стигнал до 500 натпревари во Примера дивисион. Аргентинскиот виртуоз со триумф го одбележа рекордот кој низ годините не му успеал на ниту еден друг странец во Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести