Меси со подвиг каков што во последните 15 години направиле само Азар и Мбапе

Пари Сен Жермен со минимални 2-1 го победи последнопласираниот тим во француското првенство, Анже, и направи чекор кон нова титула, а двоен стрелец беше Килијан Мбапе.

Покрај Мбапе, во центарот на вниманието беше и Лионел Меси кој со одличната асистенција до Мбапе за вториот гол, стана третиот фудбалер во последните 15 сезони во Франција, кој во една сезона имал барем по 15 голови и асистенции. Аргентинецот во моментов има точно по 15 голови и асистенции.

- Оглас -

Најнови вести