По одлуката на Жорди Алба да ја заврши играчката кариера по крајот на оваа сезона во МЛС лигата, со него на емотивен начин се збогува Лионел Меси.
„Ти благодарам Жорди. Многу ќе ми недостигаш. По сè што поминавме заедно, ќе ми биде чудно да гледам лево, а да не те видам. Лудо е колку асистенции ми даде низ годините. Кој ќе ми дава сега додавања одзади?“, искоментира Меси.
Меси и Алба заедно придонесоа за 48 голови во кои едниот од нив бил стрелец, а другиот асистент на тие голови. Придонесот за Барса и Интер Мајами го имаа и преку креирање опасни ситуации кон противничките голови, не само со меѓусебни голови и асистенции.