Многумина со нетрпение го очекуваа првиот настап на Лионел Меси во Лигата на шампионите во дресот на ПСЖ, а фановите на Аргентинецот сигурно останаа разочарани од неговото издание. Освен тоа што ПСЖ не успеа да го победи Клуб Бриж, и Меси немаше своја вечер.
Меси не даде гол, немаше ни асистенција, но доби жолт картон. Упати само еден шут во рамките на голот на Бриж, изнуди два фаули, креираше три шанси, имаше 63 додавања, но сето тоа е премалку за играч од негов калибар.
Прв меч по заминувањето од Барселона имаше и Антоан Гриезман кој се врати во Атлетико. Но, навивачите на Јорганџиите му покажаа на „предавникот“ што мислат за него. Гризи кога влезе на местото на Жоао Феликс, доби гласни свирежи од трибините на „Ванда метрополитано“, исто како кога во дресот на Барселона гостуваше кај Атлетико.
Pitos a Griezmann pic.twitter.com/O7S7kzBgj8
— Alberto Franco (@Alber_franco) September 15, 2021