Меси со урнебесна реакција по неверојатниот меч во Мадрид (Видео)

Историскиот камбек на Реал Мадрид и победата од 3:1 над Манчестер сити не остави рамнодушен никого, па дури ни Лионел Меси. Фудбалерот кој на Реал Мадрид му има дадено најмногу голови во историјата не можеше да верува во тоа што се случува на „Сантијаго Бернабеу“.

Серхио Агуеро во живо ги коментираше случувањата од полуфиналето во ЛШ, кога Реал Мадрид со два гола во 90-тата и во 91-вата минута направи пресврт и стигна до 2:1. Во продолженијата, Карим Бензема од пенал погоди за 3:1 и Реал со тој погодок се најде во финалето. Тогаш Агуеро откри дека му стигнала порака од неговиот некогашен репрезентативен соиграч Лионел Меси во која пишувало „Престани да се шегуваш, ова не може да се случува“.

Агуеро, кој е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, ги коментираше случувањата на „Сантијаго Бернабеу“, а со него беше и Карлос Тевес, кој исто така има играно за Сити и едноставно беа зачудени од пресвртот што го направи Кралскиот клуб и нивниот некогашен клуб беше елиминиран.

- Оглас -

Најнови вести