35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Меси со серија бизарни барања за да игра за Аргентина

Лионел Меси ќе заигра за репрезентацијата на Аргентина на пријателскиот натпревар против Мароко на 26-ти март ако му бидат исполнети неколку необични барања. На овој меч во Рабат, 31-годишниот Меси би играл 60 минути, но фотографирање или каков било каков со него ќе бидат забранети.

Исто така, мароканските фудбалери и навивачи нема да може да добијат ниту автограм од суперѕвездата на Барселона и никој нема да може да го размени дресот со него. Најбизарно е барањето репрезентативците на Мароко да бидат многу внимателни во дуелите со него, што би значело забранети се груби прекршоци над Меси.

На листата на забранети работи се давање интервју за новинарите, а организаторите мора да испратат приватен авион по Меси и неговото семејство.

Ова говори дека Меси сака да се заштити од повреди, бидејќи сега во борбата за трофеите тој ѝ е потребен на Барселона повеќе од кога било порано. Меси нема играно за Аргентина од Светското првенство во Русија, каде што испаднаа од првакот Франција. Сега „гаучосите“ имаат нов селектор, Лионел Скалони, па неговиот имењак ќе игра првпат откако Скалони ја презеде селекцијата.

 

- Оглас -

Најнови вести