21.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Меси со топка влезе во голот, Барса води 2-0 (Видео)

Барселона води со 2-0 против Ливерпул благодарение на погодокот на Лионел Меси во 75-тата минута. Гостите може да жалат бидејќи во поголемиот дел од второто полувреме имаа иницијатива, создаваа шанси, но никако не успеаја да погодат.

Каталонскиот гигант покажа дека знае да ги казни сите тие промашувања на противникот. Во 75-тата минута Меси тргна во напад, топката стигна до Суарес, кој шутираше, но неговиот удар заврши во пречката, а одбиената топка дојде токму до Меси. Аргентинецот непречен од никого буквално со топката влезе во голот на Ливерпул за водство од 2-0.

Во првиот дел за 1:0 погоди Суарес. 

https://youtu.be/5GQAcv0vinQ

- Оглас -

Најнови вести