Лионел Меси заедно со неговата сопруга Антонела и децата пристигнаа во Саудиска Арабија. Оваа посета на Меси и семејството не е за суперѕвездата да потпише договор со некој од локалните клубови, туку е на одмор.
„Кој би помислил дека Саудиска Арабија може да е толку зелена? Уживам да ги истражувам непознати места, секогаш кога можам“, беше пораката од Меси.
View this post on Instagram
Во Саудиска Арабија веќе неколку месеци главна фудбалска ѕвезда е Кристијано Роналдо кој потпиша за Ал Наср. Многу шпекулации имаше околу тоа дека и Меси би можел да дојде да игра во оваа арапска земја, а интересно е дека Лео има договор со ПСЖ кој му истекува следниот месец и потоа станува слободен играч.
سعيد بزيارة ميسي وعائلته إلى #السعودية للاستمتاع بوجهاتنا السياحية المتنوعة، واستكشاف تجارب أصيلة تعكس حفاوة شعبنا وكرمهم، ونرحب بالزوار من مختلف دول العالم للاستمتاع برحلة فريدة إلى المملكة 🇸🇦#أهلًا_ميسي pic.twitter.com/unHGN2z5nV
— Ahmed Al Khateeb أحمد الخطيب (@AhmedAlKhateeb) May 1, 2023