Меси спиеше, одеднаш во соба му влета аргентинската репрезентација и почнаа да му пеат (Видео)

Неколку секунди по полноќ, аргентинските фудбалски репрезентативци влегоа во собата во која Лионел Меси спие со Серхио Агуеро и му го честитаа 34-тиот роденден на нивниот најдобар фудбалер. Меси е во Бразил, каде што настапува на Копа Америка и беше пријатно изненаден од потегот на неговите колеги, но рече и дека му е чудно што роденденот не го прославува во кругот на семејството.

Репрезентативните колеги на Меси му влетаа во собата со торта со запалени свеќички и му пееја роденденска песна. Меси доби и подароци, меѓу кои и шише со света вода, парфем, вино, капа, пакетче со хербален чај…

„Многу ви благодарам што направивте да се чувствувам прекрасно на овој специјален ден, иако не сум со семејството кое многу ми фали“, порача Меси.

Неговата сопруга Антонела му честиташе и преку „Инстаграм“ со објава на нивна заедничка слика од тинејџерските денови.

Еве како изгледаше изненадувањето за ѕвездата на Барселона и светскиот фудбал:

- Оглас -

Најнови вести