Меси спиеше со Божицата, а легендата откри која е следната цел на Лео

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, едноставно не се одвојува од трофејот наменет за најдобрата репрезентација на Светското првенство, популарната Божица. На најновите фотографии кои ги објави Меси се гледа како тој спие, а потоа и лежи во креветот, а покрај него е трофејот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

По завршувањето на Мундијалот во Катар, Меси најави дека не планира да се откаже од играњето во националниот дрес, а легендарниот аргентински фудбалер и тренер,, Хорхе Валдано откри интересен момент. Валдано најави дека Меси има план да игра и на Мундијалот во 2026 година, кога Лео ќе има 39 години.

„Кога го интервјуирав пред Светското првенство, додека беа исклучени камерите, ми рече дека во Катар по петти пат ќе биде на Мундијал и дека никогаш во историја не се случило некој да игра на шест планетарни собири. Ми рече дека тоа не е невозможно и дека ако стане светски првак, ќе игра и на Мундијалот во 2026 година“, изјави Валдано во интервју за Cadena Cope.

Меси дефинитивно е во центарот на светската јавност, а неговата фотографија како се радува со трофејот во рацете постави светски рекорд на најлајкувана фотографија на „Инстаграм“ во историјата. Таа фотографија им се допаднала на над 60 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

- Оглас -

Најнови вести