28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Меси стана фудбалерот со најмногу освоени трофеи во историјата!

Освоениот Лига куп трофеј со Интер Мајами има посебно значење за Лионел Меси. Не само што тоа е негов прв трофеј со новиот тим, туку тоа е и рекордниот пехар на кој Аргентинецот се радува во кариерата.

Откако Лео започна со профи фудбалот во 2004 година, стигна до 44 титули во сите натпреварувања и со тоа стана најтрофејниот играч во историјата на овој спорт. Претходно, рекордот за најтрофеен фудбалер беше во сопственост на Дани Алвеш, некогашниот соиграч на Меси, но сега Аргентинецот го надмина Алвеш и со 44 трофеи е на врвот на оваа листа на сите времиња.

Во финалето, Меси го даде голот со кој Интер Мајами поведе со 1:0, но потоа противникот израмни и мораше да се шутираат дури 22 пенали пред да стане јасно дека аргентинската супер ѕвезда во своите раце ќе подигне уште еден пехар.

- Оглас -

Најнови вести