28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Меси стана втор најтрофеен фудбалер во историјата

Лионел Меси за првпат во кариерата крена пехар како капитен на Барселона, а победата во Купот на Шпанија е негов 37-ми трофеј во кариерата, со што се искачи на делба на второто место на вечната листа на најтрофејни фудбалери.

Со 37 трофеи, Меси се изедначи со Андрес Иниеста и Максвел, а пред нив е само Даниел Алвеш со 42 пехари. Ако успее Меси до крајот на кариерата да освои уште шест трофеи на клупска или репрезентативна сцена, ќе стане најтрофеен фудбалер во историјата.

На листата на трофеи кои ги освои Меси се титула во шпанското првенство (10 пати), шпански куп (7), шпански Суперкуп (8), Лига на шампиони (4), Суперкуп на УЕФА (три), Светско клупско на ФИФА (три). Има и два трофеи со репрезентацијата на Аргентина, едно злато од Олимписки игри, и титула на СП за играчи до 20 години.

Од активните играчи, најблиску до Меси се Жерард Пике со 35 и Кристијано Роналдо со 33 трофеи. Меси има 33 години и не покажува знаци на слабост и пад во формата, па може да се очекува да го надмине рекордот на Алвеш, без разлика дали ќе остане во Барса или ќе си замине. Меси доколу продолжи да дава голови во сегашниот ритам, има реална шанса да стане и најдобар стрелец во историјата, и да го надмине две години постариот Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести