Се засилија шпекулациите дека Лионел Меси е најзаслужен што Мауро Икарди не игра за репрезентацијата на Аргентина, иако Икарди негираше такво нешто, а и Анхел ди Марија рече дека тие гласини се неточни.
Пред Копа Америка, селекторот Лионел Скалони не го викна Икарди поради слабата форма и спорот со Интер. Но, сега Икарди игра, и то добро, дава голови на секои 77 минути, а Скалони повторно го изостави од листата за претстојните пријателски мечеви со Саудиска Арабија и Бразил. Од напаѓачите, повикани се: Меси, Дибала, Кун Агуеро, Аларио од Баер Леверкузен и Николас Гонзалес од Штутгарт.
Проблемот е што во тимот се врати Меси, а тој не го сака Икарди поради жена му Ванда, поточно Меси е близок пријател со поранешниот сопруг на Ванда, Макси Лопес, па не го сака „крадецот на жени“.
Ова не е новина за најголемите ѕвезди во аргентинскиот фудбал. Своевремено, и Диего Марадона командуваше со некого (не) сака да игра во дресот на репрезентацијата. Во 1986 година, кога Аргентина стана светски првак, го немаше Рубен Дијаз кој беше прв стрелец на младинското СП и учесник на Мундијалот 1982, а таа година потпиша за Фиорентина. Дијаз и Марадона не се „мирисаа“, па во тимот кој стана светски првак, се најде и Алмирон од домашното првенство. Тој подоцна никогаш не беше повикан.