Меси стигна до 1250 голови и асистенции во кариерата, Аргентинецот со порака по спектакуларниот гол (Видео)

Лионел Меси уште еднаш го маѓепса фудбалскиот свет откако постигна спектакуларен погодок од слободен удар кој на крајот се покажа и како победнички за Интер Мајами во дуелот против Порто. Ова беше прва историска победа на еден тим од САД во официјален меч со ривал од Европа.

За Меси ова беше 68-ми погодок од слободен удар во кариерата, а вкупно има 866 гола во кариерата. Ако се додадат и асистенциите кои ги има Меси, се стигнува до бројката од точно 1.250 погодоци и асистенции за Аргентинецот во 1.106 натпревари кои ги има одиграно.

Во дресот на Интер Мајами има постигнато точно 50 погодоци. По победата над Порто, Меси се јави со порака на социјалните мрежи.

„Многу сум среќен за победата против тежок противник. Тимот даде сè од себе и заслуживме да се радуваме. Продолжуваме понатаму“, порача Меси.

- Оглас -

Најнови вести