12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Меси тајно го посети реновираниот „Камп ноу“, никој од Барса не знаел дека е таму

Информацијата дека Лионел Меси синоќа бил на „Камп ноу“ во Барселона изненади многумина, вклучувајќи го и раководството на Барселона. Ни претседателот Жоан Лапорта ни неговите соработници не знаеле за посетата.

Меси на „Инстаграм“ објави фотографии од неговото прво појавување на „Камп ноу“ по четири години. Сега најголемиот стадион во Европа е реновиран, а Меси жали што барем засега нема да заигра таму.

Меси и сонародникот и тимски колега, Родриго де Пол, со приватен авион заедно пристигнале во Барселона и се сместиле во хотел, иако Меси таму има и куќа. Меси бил на „Камп ноу“, а потоа со Де Пол заминале во Аликанте на подготовки со репрезентацијата на Аргентина, која на 14 ноември ќе игра пријателски меч со Ангола во Луанда.

Ова е емотивната порака која ја објави Лео:

„Синоќа се вратив на местото кое ми недостасува со целата душа. Местото на кое бев неизмерно среќен, каде што вие момци илјадници пати ме направивте најсреќен човек на светот. Се надевам дека еден ден ќе се вратам и не само за да кажам збогум како играч, нешто што никогаш не добив шанса да го направам“.

- Оглас -

Најнови вести