Меси тајно преговара, после СП ќе ги откачи и ПСЖ и Барселона?

Лионел Меси во следната сезона нема да игра ниту за Пари Сен Жермен, ниту ќе се врати во Барселона, туку ќе премине во Интер од Мајами. Ова го најавува познатиот новинар Дејвид Орнстајн, кој често објавува ексклузивни и точни информации.

Орнстајн напиша дека во Интер се зголемува оптимизмот дека во 2023 година може да го купат Меси, кој има имот во Мајами.

Ова е лоша вест за ПСЖ, кој сака да го задржи Аргентинецот во своите редови и му нуди богат договор, и за Барселона, која сонува да го врати на местото на неговите најголемите клупски успеси.

Мундијалот во Катар е клучен за 35-годишниот Меси не само затоа што последен пат ќе игра на Светско првенство и има последна шанса за светска титула, туку тоа ќе му ги одреди и амбициите за во иднина.

- Оглас -

Најнови вести