Меси треба да е возбуден: Роналдо најмногу профитираше од асистенциите на Пјаниќ

Миралем Пјаниќ дефинитивно ќе биде подобрување за Барселона во новата сезона, а на неговото доаѓање треба да се радува и Лионел Меси. Имено, Пјаниќ му има наместено најмногу погодоци на Кристијано Роналдо откако португалската ѕвезда потпиша за Јувентус пред две години.

Од вкупно 60 гола на Роналдо во дресот на Бјанконерите, Пјаниќ му намести шест од нив, додека Пауло Дибала е втор во оваа статистика со една асистенција помалку.

Ако може Роналдо да профитира играјќи покрај Пјаниќ, сигурно ќе го може тоа и Меси од следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести