20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Меси требаше да биде исклучен поради газење на противник? (Фото)

Најдобриот фудбалер на светот за 2019 година, Лионел Меси, 25 пати играл против Баскијците од Билбао и ниту еднаш не загубил, билансот му е 19 победи и шест ремија. Со ова тој е рекордер во шпанската лига, а втор е Икер Касилјас, кој со Реал Мадрид бранеше 23 пати против Малага и никогаш не претрпе пораз.

Но, Меси освен што го гази Атлетик Билбао со резултати, синоќа тоа го направи и буквално. Во една ситуација, во 68-мата минута Аргентинецот беше невнимателен и го згаси противничкиот играч Јерај. Дефанзивецот на Атлетик мораше на кратко да излезе од игра, а судијата Хил Мансано не му даде на Меси ниту жолт картон за овој ненамерен, но и неспортски потег.

Некогашниот судија Итуралде Гонзалес, кој работи како аналитичар за „Ас“, смета дека поради тоа што Меси прво ја удрил ногата на противникот, тоа се смета за опасна игра и можел да биде и исклучен. И во минатото коло Меси имаше една ситуација во која можеше да добие црвен картон, за време на прекин турна играч на Севилја, но и тогаш мина неказнето. Можеби во некоја наредна ситуација некој судија нема да му прости и ќе го испрати на ладење.

- Оглас -

Најнови вести