Меси тренира сам, може да не игра на првиот меч

Лионел Меси можеби ќе го пропушти првиот натпревар на Аргентина на Мундијалот во Катар, против Саудиска Арабија.

Има уште три дена до мечот, а Меси не тренираше со тимот, туку сам, во друштво на кондициски тренер. Освен Меси, ги немаше ни Лисандро Мартинез и Паласиос, па селекторот Лионел Скалони можеби против Саудијците ќе треба на терен да испрати состав без нив.

Гаучосите не се загрижени, најавуваат дека нивниот капитен Меси ќе игра уште на стартот.

Ако не игра Меси, тогаш почетниот состав треба да изгледа вака: Мартинез, Молина, Ромеро, Отаменди, Акуња, Де Пол, Паредес, Мек Алистер, Папу Гомез, Лаутаро, Ди Марија.

Ако игра Меси, тогаш триото во нападот ќе биде Меси, Лаутаро Мартинез, Ди Марија, а на клупа ќе биде Мек Алистер или Гомез.

- Оглас -

Најнови вести