Три месеци поминаа од освојувањето на светската фудбалска титула на Аргентина, а еуфоријата во оваа јужноамериканска земја уште трае. Капитенот на нацоналниот тим, Лионел Меси, се врати во родната земја за да биде дел од пријателските средби на Аргентина против Панама и Куракао.
Меси синоќа реши да излезе на вечера во еден ресторан во Буенос Аирес, но кога се појави на улицата, минувачите веднаш го препознаа и се случи „окупација“ на ресторанот и пред него.
Само неколку минути откако влезе во ресторанот, стотици навивачи буквално ја блокираа улицата пред ресторанот и го скандираа неговото име. Повеќе од два часа тие стоеја пред ресторанот и пееја песни за Меси додека фудбалерот вечераше.
И во ресторанот ситуацијата не беше ништо поинаква. Сите гости кои се најдоа во тој момент во ресторанот, со воодушевување го дочекаа Меси, а најголемиот дел од нив успеаја и да се фотографираат.
"Don Julio":
Por la presencia de Lionel Messi en ese restaurantepic.twitter.com/8Q53dHg976— ¿Por qué es tendencia? (@porquetendencia) March 21, 2023