Меси упати порака за сите настрадани во земјотресите во Турција и Сирија

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси преку социјалните мрежи повика за поддршка на кампањата која ја започна УНИЦЕФ, за помош на Турција и Сирија, двете земји кои во понеделникот беа погодени од разорни земјотреси.

Во понеделникот имаше два силни земјотреси со силина од 7,8 и 7,7 степени според рихтеровата скала, што доведе до рушење на преку 10.000 згради. Повеќе од 33.000 луѓе досега се водат за загинати, но овој број ќе расте, затоа што уште многу има затрупано под урнатините.

„Ова е многу тажен ден за илјадници деца и нивните семејства кои беа погодени од разорните земјотреси во Турција и Сирија. Сочувствувам со нив. УНИЦЕФ од почетокот работи на заштит на децата во погодените подрачја. Вашата помош е непроценлива“, стои во пораката што ја упати Меси, во која стои и линкот на кој може сите да донираат средства за помош преку УНИЦЕФ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

- Оглас -

Најнови вести