28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Меси уште еднаш покажа дека има нешто поважно од тоа да се даде хет-трик (Видео)

Барселона без многу проблеми со 5:2 го победи Хетафе, а Лионел Меси блескаше на „Камп ноу“. Капитенот на Барселона даде два гола, имаше и една асистенција, а во 90-тата минута можеше да постигне хет-трик.

Во последните моменти од мечот беше досуден пенал за Барселона, а Меси иако е прв изведувач на ударите од белата точка, сепак реши да не шутира, туку топката му ја препушти на Антоан Гриезман.

Ако Меси шутираше и дадеше гол, тоа ќе беше уште еден од многуте хет-трика во неговата кариера и ќе срушеше уште некој рекорд, но сепак, одлучи дека е поважно и Гриезман, над кого беше направен пеналот, да се запише во листата на стрелци.

 

- Оглас -

Најнови вести