Меси в сабота вечер ќе најави каде ја продолжува кариерата?

Лионел Меси дал интервју за аргентински „Оле“, а тој ексклузивен разговор ќе биде објавен в сабота, откако ќе заврши последниот меч на Барселона во оваа сезона.

Меси, кому договорот со Барселона му истекува на 30 јуни, немаше зборувано со медиумите уште од декември и конечно го прекина молкот, повторно ќе зборува за аргентински медиум, а ќе ја опфати и темата за Копа Америка, но најинтересно за јавноста е дали ќе каже нешто конкретно околу својата иднина.

Францускиот „Ле Паризиен“ денеска објави интересна информација дека Меси сака уште две сезони да остане во Европа, а потоа во 2023 кариерата да ја продолжи и заврши во САД. Тој уште има дилема дали да остане во Барселона или да си замине.

Според новинарите од парискиот весник, Меси чека конкретна гаранција од претседателот Лапорта дека тимот ќе биде доволно силен за да се бори за најважните трофеи и сакал да остане во Барселона и покрај финансиските потешкотии на клубот. Барса секако ќе му понуди помала сума пари од таа што му ја нуди ПСЖ. Но, во моментов поголеми му се шансите да ја освои ЛШ со Светците отколку со Каталонците, а наводно имал и притисок од татко му и семејството да се пресели во Париз.

- Оглас -

Најнови вести