Лионел Меси доцна вечерва (2 часот по полноќ по македонско време) ќе го има своето деби во дресот на Интер Мајами.
Лео својот прв меч во розевиот дрес на Интер ќе го одигра против мексикански Крус Азул и тоа од дуел од Купот на Лигите, натпреварување во кое учествуваат клубови од САД и Мексико.
Најдобриот фудбалер на светот е огромно засилување за Интер кој е најслаб тим во МЛС лигата. Според квотите во Sport Life, добри се шансите Интер да победи. Квотата за триумф на Мајами е 2.11, а за Крус Азул 3.20.
Крус Азул лошо ја почна сезоната во мексиканската лига, после три кола нема ниту еден бод, а гол-разликата им е 1-6, и тоа е шансата на засилениот Интер.