Меси вечерва игра важен меч за Интер Мајами, а стигна инфо дека ќе се врати во Барселона

Лионел Меси со својот Интер Мајами вечерва ќе игра на гости кај Атланта во реванш дуелот од осминафиналето на плејофот во МЛС шампионатот во САД. Интер Мајами победи минимално со 1:0 на првата средба, што значи дека може да има возбудлив реванш.

И додека Меси се фокусира на дуелите во САД, од Барселона стигна информација дека аргентинскиот виртуоз треба да се појави во каталонската престолнина на 29 ноември. Тоа е датумот која Барселона ќе слави 125 години од постоењето, а Меси најавил дека ќе присуствува на свеченоста, пренесува новинарот Мигуел Рико.

Меси во Барселона пристигна во 2000 година и тоа како 13-годишен тинејџер, а таму остана до 2021 година, период во кој стана вистинска легенда на клубот. Од Барселона, Меси се пресели во Пари Сен Жермен каде одигра две сезони, а потоа замина во Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести