Меси вечерва оди по својот 700-ти гол во кариерата

Лионел Меси има прилика да се приклучи на славно друштво голгетери кои во кариерите постигнале 700 или повеќе голови на официјални натпревари. Барселона вечерва од 22 часот гостува кај Севилја, а токму Севилја е омилениот „муштерија“ на Меси.

Лео против Андалузијците има постигнато дури 37 голови на 38 меча против нив. Аргентинецот првпат даде гол против Севилја на 15-ти октомври 2006 година и во овие речиси полни 14 години, тој редовно ги совладува голманите на Севилја. И не само тоа, туку Меси против Севилја има и 19 асистенции. Со Меси на теренот, Барселона има 29 победи и само четири порази против Севилја.

Ако успее да погоди вечерва, Меси ќе влезе во клубот 700, во кој има неколку големи имиња на светскиот фудбал. Според официјалната книга на рекорди, прв стрелец на сите времиња е Јозеф Бичан, кој играл пред и по Втората светска војна и има 805 голови. Потоа следуваат Ромарио со 772 и Пеле со 767 гола. Ференц Пушкаш има 746, а петти е Герд Милер со 735. Пред Меси е и Кристијано Роналдо со 725 гола во кариерата.

do_widget id=custom_html-5]

- Оглас -

Најнови вести