Барселона на дуелот против Борусија Дортмунд ќе се обиде пред своите навивачи на „Камп ноу“ да го прослави влезот во осминафиналето од Лигата на шампионите. Каталонците со победа сигурно ќе бидат први во групата.
Овој меч ќе биде посебен и за капитенот на шпанскиот првак, Лионел Меси. Аргентинецот ќе го одигра јубилејниот 700-ти натпревар во дресот на Барселона. Пред 16 години, Лео дебитираше за Барселона и досега одигра вкупно 699 меча во сите натпреварувања. Има постигнато 612 погодоци, плус 248 асистенции.
https://twitter.com/FCBarcelonaFl/status/1199186501281693702
Со 700 меча, Меси ќе биде само вториот играч кој ја надминал оваа бројка во клупската историја. Рекордер е некогашниот соиграч на Аргентинецот, легендарниот Чави Ернандес. Поранешниот „мозок“ во играта на Барселона застана на бројката од 767 средби, што значи дека доколку Меси нема повреди, овој рекорд може да го достигне следната сезона.