Меси веќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ, приказната на Аргентинецот и францускиот клуб е завршена!

Францускиот весник „Л’Екип“ во анализа на случувањата на релација Лео Меси и ПСЖ пишува дека по суспензијата, Аргентинецот веќе не сака да игра за ПСЖ и дуелот против Лориент за него е последниот во дресот на Светците.

Парискиот клуб го суспендира Меси на две недели и тој не смее да тренира со екипата и да игра на следните два натпревари против Троа и Ажаксио бидејќи без дозвола заминал во Саудиска Арабија.

„Л’Екип“ во својата анализа вели:

„Меси нема да се врати по ова што се случи и не може да замисли повторно да заигра на ‘Паркот на принцовите’ бидејќи знае дека повторно ќе биде дочекан со свирежи.“

Откако ќе му заврши суспензијата, ќе останат уште три натпревари за ПСЖ до крајот на првенството, и тоа против Оксер, Стразбур и Клермон.

- Оглас -

Најнови вести